Стоилковски: Во кое својство Спасовски го однесе Заев на средба со вселенскиот патријарх
„Страховладата“ на СДСМ целосно се потчинува на Зоран Заев и се однесува како воопшто да нема техничка влада и технички премиер за спроведување на фер и демократски изборен процес!
Владата и лично Оливер Спасовски мора да одговорат, во кое својство Оливер Спасовски го однесе партискиот лидер Зоран Заев на средба со Вселенскиот Патријарх г.г. Вартоломеј, во седиштето на Цариградската патријаршија во Истанбул?
Поканата од Вселенскиот патријарх се однесува на премиерот како политичка функција, а не лично до Зоран Заев.
Оттука Оливер Спасовски мора да одговори кој раководи со владата, тој или Зоран Заев?
Владата пак мора да одговори, зошто во владините соопштенија се наведува Зоран Заев, односно во која функција Заев е дел од владина делегација?
Притоа Владата мора да одговори кој ги сноси трошоците за посетата на Заев во Истанбул?
Заев и Спасовски истовремено мора да одговорат, дали за време на посетата Зоран Заев ја повторил својата понуда за мито за Вселенскиот патријарх, која што ја дискутираше со лажниот Порошенко по телефон.
За потсетување, Заев на лажниот Порошенко во телефонски разговор е снимен како вели дека е подготвен да му плати на патријархот Вартоломеј 100.000 евра во кeш!
Прашањето на коешто сега Заев и Спасовски мора да одговорат е дали му кажале на Вартоломеј за овој разговор, и кој е ставот на Вселенскиот патријарх за намерата на Заев да даде мито од 100 до 150 илјади евра за да Вартоломеј го покрене процесот за автокефалност на МПЦ?
Изјава за медиуми на Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Опожарен стан во Ѓорче Петров, гори ѓубриште во домот „Ранка Милановиќ“
-
Русија осуди тинејџер на 12 години затвор поради испраќање пари на армијата на Киев
-
Радев: На државниот врв на Република Северна Македонија им недостасува познавање на меѓународното право
-
Трипуновски: Ги потпишав сите заостанати договори и документи во Министерството
-
Најмногу дожд наврнал во Охрид
-
На „Табановце“ се чека околу 20 минути за влез во земјава
-
Србија: Го величел напаѓачот пред израелската Амбасада во Белград и признал дека ја поддржува ИД
-
Пожарникари од четири земји и ова лето ќе бидат лоцирани во Грција за да помагаат во гаснењето на пожарите