Стоилковски: Со 300 милиони евра можеше да се купи Трикафта за сите пациенти за следните 10 години
300 милиони евра, толку владата мора да исплати како аванс и како пенали само за март и април, според Договор за непочнати автопати.
Почитувани, со 300 милиони евра, државата може целосно да купи терапија Трикафта за сите пациенти со цистична фиброза, и тоа непречено, непрекинато за рок од следните 10 години.
Ако неполни 300.000 долари е годишно за еден болен, а во Македонија има околу 130 пациенти со цистична фиброза, значи само со парите, обврски по договорот од март до мај, за незапочната градба и без проект, со 300те милиони евра аванс и пенали, 10 години би се обезбедил лек за животозагрозувачка болест за 130 лица.
Ковачевски и неговиот шеф Груби треба убаво да пресметаат колку животи ставаат во опасност, но и колку доживотни робии има во овој грабеж и штета од стотици милиони евра?
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Обновена постапката на Археолошкиот музеј
-
Шекеринска во дводневна посета на Бугарија
-
Тема на денот со Влагојче Атанасовски, политички аналитичар
-
По пожарот во Виница 25 лица побарале лекарска помош, 12 задржани на болничко лекување
-
Пожари на истокот
-
Димовски: Немало организирано следење на Мицкоски
-
Пуштена во употреба делницата Климештани - Охрид, долга 17 километри
-
Предизборни партиски ветувања за подобар живот во општините