Стоилковски: Џафери брутално го наруши етичкиот кодекс
Цела недела јавноста е згрозена од примитивизмот на Талат Џафери, а нема никаков чин на осуда од институциите и претставниците на крими коалицијата СДСМ-ДУИ.
Талат Џафери пцуе, навредува, се заканува со сексуална конотација кон вработени во Собранието, сето тоа го слуша јавноста! Однесувањето на Талат Џафери е недостојно, нечовечки, спротивно на сите пишани и непишани норми. Талат Џафери го наруши етичкиот кодекс и за тоа мора да има одговорност! А, СДСМ и Владата молчат само и само заради гола власт!
Димитар Ковачевски се прави недоветен иако и Талат Џафери и Собранието ја признаа автентичноста којашто во живо беше пренесена на Собранискиот канал!
Министерката за добри политики Славица Грковска молчи и веројатно смета дека ова е дел од добрите политики на власта!
Министерот за администрација Адмирим Алити молчи и со тоа воведува пракса на вакво однесување во администрацијата.
Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска толку гласна и гневна кон наставниците и штрајкувачите во образованието, сега уста не отвора. Веројатно по истиот модел е правен и притисокот врз штрајкувачите во образованието! А колку што се сеќавам и таа при заканите споменуваше плата како и Џафери во своите пцости и недоличности!
Почитувани, сите молчат затоа што им зависат фотељите и голата власт. Воведуваат практика на насилство, навреди закани, практика на пцуење, споменување мајки во сексуални конотации на вработени, мизерни зборови МРШ и СИКТЕР, само и само за гола власт!
По ваков излив на примитивизам Талат Џафери мора да биде подлежен на испитување на неговата деловна способност. Македонија не смее да биде заложник на можни апстиненцијални кризи или зависности на еден човек било тоа да е и претседател на Собрание.
Не постои друг чекор по примитивизмот на Талат Џафери освен негова оставка! Талат Џафери, со сиот негов примитивизам во Парламентот, е недостоен да го води законодавниот дом.
На примитивизмот од Форино не му е местото во Собранието! За ваков примитивизам, насилство, вулгарности искажани лично од претседателот на Собранието Талат Џафери, нема место во Собранието на Република Македонија.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
ФИФА го казни Шкупи
-
Нетанјаху ќе биде опериран во подземна сала поради опасност од ракетен истрел
-
Пронајдени десет мигранти во две товарни возила на граничниот премин Богородица
-
Постапка против десет лица за кривични дела поврзани со криумчарење возила
-
Во Јужна Кореја прогласена седумдневна жалост поради авионската несреќа
-
Коцевски: Од страна на Јавното обвинителство не протекуваат информации
-
Трент не го известил Ливерпул дека ќе премине во Реал
-
Почина Јагнула Куновска, македонска политичарка и адвокатка