Сто четириесет и три години железници во Македонија
Македонски железници Транспорт АД Скопје денеска го одбележува 9 Април - Денот на железниците во Македонија.
На 9 април 1873 година, првиот воз влечен од парна локомотива пристигнал во железничката станица во Велес и тогаш почнало поврзувањето на Македонија со остатокот од светот, поврзувањето со железница што своевремено претставувало највисоко техничко и технолошко достигнување.
Од тој ден во 143-те години до денес, како што истакнуваат од МЖ Транспорт, железницата помина низ многу премрежија, војни, конфликти, природни катастрофи, но и убави моменти. И покрај многуте турбуленции железничкиот систем опстанал и до ден денес кога се слави Денот на железничките работници на Македонија и тоа по 143-ти пат.
Од компанијата нагласуваат дека во изминатите години има инвестициски циклус во железницата, почнаа и завршија реконструкции на повеќе постојни пруги, изградба на Коридорот 8, реконструкција на железнички станици
- Набавени се 150 товарни вагони, две електромоторни гарнитури и четири дизел-моторни гарнитури. Во железничкиот систем во Република Македонија се инвестираат околу 1 милијарда евра, инвестиции кои ќе придонесат за еден поефикасен, поефективен, побрз и поквалитетен железнички превоз на патници и стока, кој ќе овозможи подобар развој на стопанството и раст на економијата во државата. Имплементирани се највисоки стандарди за интероперабилност во новите возови, со мерки за зголемување на мобилноста на студенти, стари лица..., посочуваат од МЖ Транспорт АД-Скопје.
МЖ Транспорт АД-Скопје на сите железнички работници и на сите граѓани им го честита Денот на железници во Македонија.
Ново на Сител
-
До 9 часот во Дебар еден отсто, во Центар Жупа 1,9 отсто излезеност
-
Во Велес и Велешкo до 9 часот излезеноста е 4,97 проценти
-
Излезноста до 9 часот изнесува 3,85 отсто
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година