Наградата „Жива“ можност за поголема промоција
Охрид со своето богато културно наследство долго време е магнет за туристите од целиот свет . Градот под Самоиловата тврдина привлечекува посетители кои се во потрага по автентични искуства, како што се истражување на културно историските знаменисти и учење за историјата и традицијата на регионот.
Наградата Жива за најдобар словенски локалитет од охридскиот Завод и Музеј велат дека ќе отвори можности за поголема промоција и видливост на локалитетот во европски и светски рамки.
Наградата Жива всушност претставуваат мрежа која обединува речиси 250 музеи и локалитети низ 13 словенски земји.
Според добрите познавачи културниот туризам не само што ќе обезбеди поголем економски бенефит за локалната заедница, туку и ќе ја заштити уникатноста на Охрид како светско наследство.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
