-->
-->
Стиснала дете за образ убедувајќи го да јаде и го изгребала - пријава за негователка од скопска градинка
-->
Вчера во 15.00 часот во Полициската станица Карпош, Љ.М.(34) од Скопје пријавила дека на 12.06.2024 откако нејзиниот сопруг го земал нивниот малолетен син од градинка на подрачјето на Карпош забележале дека има гребаница на лицето.
Според пријавеното, тие подоцна разговарале со негувателката и директорката на градинката, при што негувателката појаснила дека за време на појадокот нивниот син не сакал да јаде, при што таа го стиснала на образот за да јаде и дека е можно тогаш да го изгребала.
Се работи на расчистување на случајот, соопшти МВР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тужбата на Шеху против ДИК во понеделник пред Управен суд
-
Тема на денот со Сашо Клековски - Директор на ФЗО
-
Преглед на вестите од светот
-
ДИК го усвои упатството за помал број на советнички места во дел од општините
-
Левица најави кандидат за Скопје - Партиите со заострена реторика за локалните избори
-
Николоски тврди: ЕУ ги пролонгира новите правила за влез и излез за македонските граѓани
-
Само 4ИГ достави понуда на тендерот за 3 мобилен оператор
-
Три концесии за експлоатација на минерални суровини еднострано раскинати