Стигнаа и во Босна - Застрашувачките кловнови се прошетаа на неколку локации во Посушје!
Луд и чуден тренд го зафати светот, станува збор за маскирани личности облечени како клoвнови. Инвазијата на кловнови се појави најпрво во САД, а потоа се прошири и во Европа. Трендот на страшни кловнови кои демнат трае веќе два месеци, а нови фотографии се почесто се појавуваат во медиумите и на социјалните мрежи.
Неодамна се појавија во Хрватска на неколку места а пред неколку дена и во Посушје, Босна.
Кловновите се видени на три локации во Посушје и тоа, кај трговскиот центар "Дивна", покрај паркот и покрај бензинската пумпа ИНА.
Како што пишува порталот груд онлајн, појавувањето на кловновите во Посушје поминало без инциденти, додева во Хрватска имало случаи каде што тие плашеле деца.
Останува прашањето дали овој луд и чуден тренд ќе продолжи да се шири низ светот и балканот.
Ново на Сител
-
Тужбата на Шеху против ДИК во понеделник пред Управен суд
-
Тема на денот со Сашо Клековски - Директор на ФЗО
-
Преглед на вестите од светот
-
ДИК го усвои упатството за помал број на советнички места во дел од општините
-
Левица најави кандидат за Скопје - Партиите со заострена реторика за локалните избори
-
Николоски тврди: ЕУ ги пролонгира новите правила за влез и излез за македонските граѓани
-
Само 4ИГ достави понуда на тендерот за 3 мобилен оператор
-
Три концесии за експлоатација на минерални суровини еднострано раскинати