-->
-->
Стерлинг официјано во Манчестер Сити
-->
Рахим Стерлинг официјално потпиша договор на пет години со тимот на Манчестер Сити и стана најскап англиски фудбалер во историјата.
Неговиот трансфер изнесува 49 милиони фунти, а на новиот клуб ќе му се приклучи деновиве на турнејата во Австралија.
„Рахим Стерлинг е еден од најдобрите офанзивни фудбалери во светот. Со нетрпение очекувам да се приклучи на тимот и сигурен сум дека останатите играчи ќе бидат воодушевени од фактот што ќе им биде колега", изјави менаџерот на Сити, Мануел Пелегрини.
Младиот напаѓач се одлучи за бројот "седум" кој до минатата сезона беше сопственост на Џејмс Милнер. Интересно е тоа што Милнер минатиот месец се пресели токму во поранешниот клуб на Стерлинг - Ливерпул.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Осум македонци од Израел најдоцна до утре ќе бидат евакуирани со владиниот авион преку Египет
-
Тема на денот со Златко Кузманов, доктор по безбедност
-
Почна дводневниот Енергетски форум МЕФ 2025
-
Евакуација од Израел
-
Војната се шири
-
Сиљановска Давкова и Радев на Самит во Тирана - Нема потврда за билатерална средба
-
Надзорна за Кочани
-
Изет Меџити му чува место на Тачи за влез во Владата