Стејт департмент: САД и Кина имаат заеднички интереси во политиката кон Северна Кореја
Стејт департментот соопшти дека интересите на Вашингтон и на Пекинг околу прашањето за Северна Кореја во голем степен се совпаѓаат.
Портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс истакна дека „американската администрација е убедена оти интересите на САД и Кина во однос на нуклеарните и ракетните програми на Северна Кореја барем делумно се совпаѓаат“.
– Севернокорејската политика е една од областите, во кои нашите интереси се заеднички, барем делумно. Затоа веруваме дека има простор за дискусија со Кина кога станува збор за предизвиците поставени од нуклеарните и ракетните програми и други заканувачки активности од страна на Пјонгјанг, изјави Прајс
Според него, ова е причината зошто Вашингтон го информирал Пекинг за резултатите од преразгледувањето на својата политика кон Пјонгјанг, поради што САД „во различни формати“ комуницирале со Кина за решавање на ситуацијата околу Северна Кореја.
Како што потсети Прајс, американскиот заменик државен секретар Венди Шерман викендов ќе го посети Пекинг.
– Очекувам дека за комплетноста на односите меѓу САД и Кина, вклучително и областите на соработка и несогласувања, ќе се дискутира на претстојните разговори спроведени од Шерман, нагласи портпоралот на Стејт департментот.
Ново на Сител
-
Пет месеци од трагедијата во Кочани, 18-ти по ред „Марш на ангелите“
-
Тема на денот со Тони Менкиноски
-
Пратениците од ДУИ гласаа против измените во Изборниот законик за учество на независните на изборите
-
Средбата Трамп-Путин заврши без договор за прекин на руско-украинската војна
-
Цела ноќ битка со стихиите кај Јажинце, денеска критично и кај Јасен
-
Славески: Без јасна поделба на универзитетите секое следно рангирање ќе носи фрустрации, не решенија
-
Кога студентите ќе ги добијат ваучерите од 250 евра за електронски уреди?
-
Проблемот со струшката депонија пред судот во Стразбур