Стејт департмент: Изборите во Русија се оддржаа во непогодни услови за слободен и фер процес
– Изборите за Државната дума на Руската Федерација на 17, 18 и 19 септември се оддржаа во непогодни услови за слободен и фер процес, а употребата на закони за „странски агенти“ и „есктермистички организации“ е ригорозно ограничувачки за плурализмот и граѓанските права во Русија, соопштија од Стејт департментот.
-Руската Влада употребува закони за „екстремистички организации, „странски агенти“ и „непожелни организации“, ригорозно ограничувачки за политичкиот плурализам кои го спречуваат рускиот народ во практикувањето на нивните граѓански и политички права, се наведува во соопштението објавено синоќа.
Се додава дека забраните наметнати од руската Влада заедно со опширните напори да се маргинализираат независните политички актери, исто така, спречија Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права и нејзиното Парламентарно собрание да ги набљудува изборите, со тоа ограничувајќи ја транспарентноста која е клучна за фер избори.
Од Стејт департемнтот потсетуваат дека дејствијата на руската официјална власт се во спротивност на обврските на Русија, вклучувајќи го Меѓународниот пакт за граѓански и политички права, како и обврските кон ОБСЕ и меѓународните и регионални тела.
„Ја повикуваме Русија да ги почитува своите меѓунардои обврски, да ги почитува човековите права и основни слободи и да запре со кампањата на пресија врз граѓанското општество, политичката опозција и независните медиуми“, истакнув Стејт департментот во соопштението.
Оттаму потсетија и дека САД не признаваат оддржување избори за руската Дума на украинска суверена територија и повторно ја истакнуваат својата одлучна поддршка за територијален интегритет и суверенитет на Украина.
Ново на Сител
-
Приведени две лица во Чашка за поткуп при избори
-
Приведени две лица поради основи на сомнение за поткуп при избори во Чашка
-
САД со визни рестрикции за раководители на бродски компании од Колумбија кои превезуваат нелегални мигранти
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи