Стефковски: За 2023 година ќе креираме еден развоен буџет кој ќе донесе инфраструктурен бум во Гази Баба
Почитувани претставници на медиумите, општина Гази Баба го живее новото време, време на посветено транспарентно и отчетно работење. Општините се на народот и затоа граѓаните се тие кои што одлучуваат како да се трошат народните пари.
Во оваа насока овој викенд во општина Гази Баба се реализира отворен ден во кој што граѓаните ги даваат своите предлози и идеи кои ќе бидат составен дел од буџетот за 2023 година.
Исто така изминатиот период како општина организиравме еден граѓански дијалог со директни средби со граѓаните во 24 месни урбани заедници. Искрено од одзивот и интересот на граѓаните сум задоволен, а секако и од идеите кои што се доставени.
Согласно идеите кои што стигнаа до општината и кои што ги предлагаат граѓаните и можностите за 2023 година ќе креираме еден развоен буџет, буџет кој ќе донесе инфраструктурен бум во општина Гази Баба, година во која што ќе се реализираат голем број на капитални инвестиции како што се изградба на нови детски градинки, изградба на нови паркови, изградба на училишни спортски сали, изградба на детски катчиња, на мултифункционални игралишта и така натаму.
Ново на Сител
-
Трамп за денеска најави средба меѓу руски, украински и американски претставници
-
Макрон: Само украинскиот претседател Зеленски може да преговара за мир за неговата земја
-
Маск: Ќе ја повлечам понудата за Опен АИ доколку компанијата остане непрофитабилна
-
Облачно со повремен локален дожд во југозападните делови
-
Состојба на патишта
-
Роналдо на врвот на листата на најплатени спортисти во 2024 година во изборот на Спортико
-
Шефот на НАТО: На Украина никогаш не и било ветено членство
-
Зеленски: Нема да прифатиме договори меѓу САД и Русија без учество на Украина