Стефановиќ: Во Србија онолку мигранти колку што ќе можат да влезат во Австрија
И Србија и Унгарија ќе следат што се случува во Европската унија и согласно тоа ќе се однесуваат во мигрантската криза, беше порачано од денешниот состанок на министрите за внатрешни работи на Србија и Унгарија Небојша Стефановиќ и Шандор Пинтера.
Од средбата во Хоргош најавено е дека во Србија ќе можат да влезат онолку бегалци колку што ќе можат да влезат во Австрија.
Обајцата министри порачаа дека Србија и Унгарија ќе работат во интерес на своите граѓани со цел спречување на ескалација на кризата, јавува РТС.
На прес-конференцијата по средбата соопштено е дека нема да се дозволи ниту Србија, ниту Унгарија да бидат местата каде ќе се задржуваат мигрантите.
Согласно тоа, економските мигранти во иднина нема да можат да заминуваат по оваа рута во Европската унија.
Стефановиќ најави дека ќе биде формирана работна група која зајакнато ќе биде ангажирана на македонско-грчката граница, со цел подобро решение на проблемите на балканскиот пат на мигрантите.
Ново на Сител
-
Украинските војници не сметаат дека наскоро ќе има крај на војната
-
Полицаец се самозастрела во Скопје
-
47-годишен турчин измамен во Штип за сума од 3.550 евра
-
Минчев: Меџити да не се однесува како Алиса во Земјата на чудата
-
Извори од Ватикан: Денес или утре ќе се знае како папата Франциск реагира на новата терапија
-
Обвинетите имале неуспешен прв обид три дена пред грабнувањето на Вања
-
Во сабота сончево, но студено, во недела пораст на температурите, а од понеделник повремено дожд и снег
-
Мерц е шокиран од Трамп и Путин