Стефан заминал да работи во Полска - наместо 1.000 евра плата преживеал голгота

Маж од Белград, Стефан Круниќ, отишол да работи во Полска, а таму наместо да заработи за живот, доживеал хорор.
Српскиот Курир пренесува дека Стефан отишол да работи во една пекара, а на огласот пишувало дека итно е потребен пекар за бурек, пити и колачи, со платено мсестување и добра плата.
- Се јавив и рекоа платата ќе ти биде 1.000 евра и повеќе, ќе имаш и бонуси. Имам петгодишен син, а сопругата ми е бремена, барав гаранција за работата, вели Круниќ кој 13 години е пекар и има добиено и награди за работата.
Таму се се сменило, вели буквално едвај преживувал, му давале 300 евра, а работел во просторија до тоалет, полна со инсекти и глувци. Работел уште една работа за да преживее, цел ден бил на нога и не спиел.
Кога требало да се врати назад, газдата рекол дека ќе го префрли до автобуска, а всушност го качил во автомобил со уште еден маж и му се заканувал.
Стефан вели дека доживеал вистински пекол, а на крај бил и казнет од санитарна инспекција, за кутија цигари во кујната, иако тој не пуши.
Ново на Сител
-

Пратенички прашања: Судство, ИПАРД фондови, ЕУ интеграција
-

Мицкоски тврди дека Уставен го укинал линеарното покачување на пензиите, судот демантира
-

Апасиев ја свика постојаната Анкетна комисија за пожарот во Кочани
-

Во Македонија нема ниту еден политичар со интегритет, сметаат граѓаните
-

Агелер: 100% сум сигурна дека Владата работи напорно на интеграциите
-

ЕСМ ќе ѝ продава поскапа струја на ЕВН за околу 5%
-

Ѓорѓиевски: Целосно нормализирање на процесите со Комунална хигиена на пролет
-

Пратенички прашања во Собранието
