Ставридис: Македонија е следна држава што ќе влезе во НАТО

Македонија е следна држава која што ќе влезе во НАТО, изјави поранешниот командант на Алијансата, Џејмс Ставридис, кој вели дека тоа би бил и следен чекор кон обединување и јакнење на Балканот.
- Се надевам дека Грција ќе биде во состојба со Македонија да го реши спорот околу името, што ќе ја отвори вратата Македонија да стане дел од НАТО. Сметам дека Македонија ќе се приклучи кон Алијансата, рече Ставридис за Гласот на Америка.
И американскиот потпретседател Мајк Пенс, во името на претседателот Доналд Трамп, претходно овој месец во телефонски разговор со премиерот Зоран Заев, ја повторил поддршката за евроатлантските интеграции на Македонија.
- Пенс рече дека САД продолжуваат да ги поддржуваат евроатлантските стремежи на Македонија, и го охрабри Заев да продолжи со приоритетните реформи што ќе го забрзаат патот на Македонија во тој правец, соопшти тогаш Белата куќа.
Ново на Сител
-

Премиерот ја потврди продажбата на „Еурокомпозит“ - Ќе продолжи и ќе се прошири производството на воена опрема
-

Долго трае чекањето на лек за ретки болести
-

Две милијарди евра за реформи во комуналниот сектор
-

Тема на денот со Драган Ковачки, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ
-

МВР: Запленети над 40 тони дрога – акцијата продолжува
-

ВМРО-ДПМНЕ: Заплена во фирмите на кадри од СДС
-

ВМРО-ДПМНЕ со кадровска реконструкција - СДСМ обвинува за концентрација на моќ
-

Влезовите на Собранието ќе бидат блокирани во вторник – ССМ почнува со најавените протести
