Ставен под контрола шумскиот пожар над скопските села, ќе се догаснува изутрина
Шумскиот пожар кој избувна изутринава околу 10 часот на непристапен терен над скопското селото Буковиќ, меѓу селата Буковиќ, Раовиќ и Ласкарци вечерва е ставен под котрола.
Заменик-командантот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје Звонко Томески за МИА информира дека нивните екипи се повлечени од теренот и дека во делот кон селата Буковиќ и Раовиќ нема можност за ширење на пожарот.
- Остануваат уште неколку точки каде има активно горење, но нема опасност за населените места. На терен ќе имаме дежурна екипа која ќе ја следи ситуацијата, а утре во раните утрински часови ќе се направи догаснување, рече Томески.
Пожарот избувна утринава околу 10 часот на непристапен терен над скопското селото Буковиќ, меѓу селата Буковиќ, Раовиќ и Ласкарци. Опожарена беше дабова и деградирана шума. Во гаснењето на пожарот што беше отежнато поради непристапниот терен и ветрот, беа вклучени три противпожарни возила, неколку вработени во ЈП „Национални шуми“, а беше вклучено и месното население.
Ново на Сител
-
Првиот пациент се врати во Македонија
-
Наместо да ги чува 24/7, тоа го правел само една смена - 5 осомничени за злоупотреба на јавен тендер во ЈПДП
-
Првиот пациент се врати во Македонија
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија
-
Заложничка драма во Прилеп
-
Минималната плата ќе се зголеми согласно законот и ќе изнесува 24.400 денари
-
130 психолози работат со ученици и возрасни за надминување на колективната траума
-
Пролетната зелка во наредните десет дена ќе се откупува по цена од 40 денари