Ставен под контрола пожарот во центарот за прием на бегалци и мигранти на грчкиот остров Самос
– Под контрола е пожарот што доцна синоќа изби во стариот центар за прием на бегалци и мигранти на грчкиот остров Самос, а лицата кои престојуваат беа превентивно евакуирани, јави дописничката на МИА од Атина.
Извори од Министерството за миграција и азил на Грција брифираа дека пожарот бил во напуштените импровизирани куќарки во западниот дел од центарот, без да бидат во опасност бегалците и мигрантите сместени во кампот.
Планирано беше во текот на ноќта десет деца бегалци без придружба да бидат пренесени во новиот камп што беше отворен во саботата, додека пак од денеска се очекува да започне префрлањето и на останатите лица од стариот во новиот прифатен центар.
Новиот камп е од затворен, контролиран тип, ограден со двојна заштитна ограда, со безбедносни камери и 24-часовен надзор и со капацитет да прими 3.000 лица.
Ново на Сител
-
Парламентарни избори 2024
-
Пендаровски и Силјановска секојдневно на терен
-
Судски совет не ги утврди листите за избор на двајца нови членови на советот
-
Студентите на Штипскиот универзитет се едуцираат како да стартуваат сопствен бизнис
-
Преглед на вестите од светот
-
Парламентарна кампања
-
Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар, аналитичар
-
Преглед на вестите од светот