Македонија
19. July 2016 - 8:49

„Старицата од Калкута" во МНТ

Во рамки на Скопско лето вечер во Македонскиот народен театар ќе биде изведена претставата „Старицата од Калкута" од Ханух Левин, во режија на Софија Ристевска и во изведба на Театарот „Џинот" од Велес.

Сценографијата е на Филип Коруновски, костимографијата на Андреј Ѓорѓиевски, а кореографијата и сценските движења на Кире Миладиноски.

Во претставата играат Васил Зафирчев, Кети Борисовска, Слободанка Чичевска, Фаик Мефаилоски, Славица Манаскова, Жарко Спасовски, Талија Настова...

Режисерката Ристевска вели дека претставата е создадена врз основа на неколку раскази на Левин, кои во себе ја носат болката и измореноста на современиот човек да се бори со предизвиците на ова општество во кое денес живееме-моделитерален капитализам каде што капиталот и парите се пред се и кога човечкото е ставено на заден план, а денешниот човек е веќе изморен.