Трибини - Место за гордост или сцена за инциденти?
Само од почетокот на годинава до денес, во Скопје се регистрирани 49 прекршувања на Законот за спречување на насилство и недостојно однесување на спортски натпревари. Иако спортските терени треба да бидат симбол на фер плеј, емоција и гордост, за дел од публиката тие сe уште се бојно поле за навреди, тензии и инциденти.
Минатата недела, јавноста и политичарите остро ги осудија националистичките скандирања, и против Албанците, но и ширењето национализам од албанска страна, кои одекнуваа од трибините. Настанот повторно го отвори прашањето: како треба правилно да се навива?
Навивачите на трибините треба да бидат ветер во грб на тимовите кои ги бодрат. Да им бидат потпора која ќе ја зголеми силата и мотивацијата, да ги претвори да играат подобро. Без разлика дали станува збор за фудбал, кошарка, ракомет или одбојка, вели Мирослав Попоски, навивач кој има отидено на речиси илјада натпревари, бодрејќи ја и Македонија и македонските клубови.
Попоски верува дека трибините се срцето на секој натпревар. Таму се раѓа енергијата која ја движи играта. Идеалната навивачка атмосфера е кога од илјадници македонски грла ќе се слушне македонската песна, заедно со навивачките химни. Тоа е моментот кога секој навивач се ежи, кога знае дека сите дишат како едно и се горди што се на трибините. Памети неколку такви натпревари.
За натпреварот Македонија- Романија во Куманово е уапсено едно лице кое сакало да внесе транспарент со навредлива содржина. За натпреварот помеѓу Шкендија-Карабах, германски државјанин доби условна казна од две години за знаме на Голема Албанија и забрана да влезе во Македонија наредните пет години.
-
Тамара Дичоска
Сите содржини од овој новинар