Македонија
9. August 2025 - 16:58
И годинава атракција пловењето по Охридското Езеро
Катамараните , традиционалните чамци и бродовите и годинава атракција на Охридското езеро. Гостите кои го посетуваат Охрид уживаат да пловат разгледувајќи ги крајбрежните културно историски споменици и плажите распослани на брегот од една друга страна.
Туристите кои моментално одмараат во главниот туристички центар воодушевени од градот ,езерото и гостопримството.
Најголем интерес за пловење во екот на сезоната има од домашните посетители кои одмараат со својата фамилија и пријателите тука се и холандските и англиските туристи, но езерските тури се привлечни и за другите гости.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->