Стапи во сила Парискиот договор за климатските промени
Парискиот договор за климатските промени денеска официјално стапи во сила. Со него е извршен притисок врз околу 200 земји да започнат со исполнување на своите планови за намалување на штетните емисии на гасови.
Највисокиот претставник на ОН за климатски прашања, Патрисија Еспиноса го поздрави стапувањето во сила на договорот како потврда за борбата против глобалното затоплување.
- Ова е момент за празнување. Но исто така и момент да се погледне напред со разумна оценка и со волја кон задачата која ни претстои, истакна Еспиноса, генерален секретар на Рамковната конвенција на ОН за климатски промени.
Договорот, кој е прифатен на конференција во Париз во декември минатата година, има за цел да го ограничи зголемувањето на просечната температура на Земјата под два степена Целзиусови во споредба со прединдустриската ера. Предвидено беше тој да стапи во сила, откако е ратифициран од 55 држави, на кои отпаѓа дел од 55 проценти од светските штетни емисии на гасови, услов кој беше исполнет.
Меѓу државите кои го ратификуваа договорот се и големите загадувачи САД, Кина, Индија, како и ЕУ.
Ново на Сител
-
Експлозија пред куќа во Прилеп, нема повредени
-
Градот Скопје и Сојузот на спортови на Скопје го награди Кикбоксот со пет награди на локално ниво
-
За 3.000 евра плата се приклучил на руската војска во Украина, уапсен 37 годишен скопјанец
-
Потврдена безбедноста на водата за пиење во Скопје
-
Обвинение за убиство на вонбрачна партнерка од страна на 33-годишник
-
Во прекин сообраќајот на патот Ресен - Охрид, кај превојот Буково поради сообраќајна незгода
-
Костадиновски: Подготвителната седница за Законот за јазици се очекува да биде одржана од 19 до 21 март
-
УЈП: Уште два дена за поднесување на ДДВ - 04 пријавите