Станковиќ: Градоначалничката на Град Скопје и раководството на ЈСП го тонат претпријатието и бараат само пари
Хипокризија е кога се вели дека се поддржуваат јавните претпријатија, а притоа не се гласа Буџетот на Град Скопје, не може да ги поддржувате, а да не гласате буџет на градот, тоа е основно и ова е како прво, второ кога велиме дека било нетранспарентно работењето не зборуваме само за извештаите од ЈСП за кои кои тврдам дека се праќаат само поради форма, се работи за целосна нетранспарентност, рече Малиша Станковиќ, советник во Советот на Град Скопје од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ на денешната итна седница на Совет на Град Скопје посветена на ЈСП.
Станковиќ укажа дека мината година во декември е барано да се дадат одговори на неколку прашања, меѓу кои и следните.
„Прво рековте дека со раскинување на договорите со приватните превозници се заштедени средства во ЈСП, колку се заштедени, второ, кога се зборуваше дека со заминување на приватниците ќе се влезе во состојба подобра за ЈСП, треба да се даде одговор колку е подобрена состојбата. Потоа приватните велеа им се должат средства, а Градот велеше не се должат, ако се должат колку се платени. Ние бараме таков извештај од ЈСП, детален со одговори и наместо да го добиеме во рок од 7 дена го нема со месеци“, рече Станковиќ.
Според Станковиќ советниците и граѓаните мора да знаат детали или дека треба да се кажат детали за да знае јавноста дали работите се движат во вистинска насока.
„Ако е работата да се бараат само пари од ЈСП или за ЈСП, тогаш не треба ни директор ни градоначалник службите ќе кажат колку пари треба и Советот ќе одобри. Ама не е така директорот и градоначалникот треба да менаџираат и да имаат визија“, рече Станковиќ.
Станковиќ информираше дека до сега на претпријатието му се доделени 440 милиони само за потешкотии на работење, плус дополнителните до сега има добиено над 600 милиони денари од Буџетот на Град Скопје.
„И сега се бараат дополнителни 110 милиони. Средства давани на ЈСП Скопје се средства од Буџетот кој граѓаните го полнат и треба да се однесуваме одговорно. Кога дадовме субвенции се велеше ќе тргне работата, а се бараат само дополнителни средства и со овие пари сега нема да се надминат проблемите или прашањето е до кога ќе нема одговорност. Не велам дека вработените не треба да земат платат, ние го кривиме неспособното раководство во ЈСП, како и Градот Скопје и градоначалничката бидејќи нема визија како да го подобрат јавниот превоз“, рече Станковиќ.
Станковиќ посочи дека би било добро раководсвтвото на Градот и на ЈСП да седнат со советниците и да најдат решение за проблемот.
„Ние имавме поинаква визија, ама каде е таа визија, таа не се реализира само се отстапува од она за што сме се бореле. Или вие го тонете претпријатието и не само тоа за ЈСП, потоанти се десет пати повеќе и останатите. Дајте визија кажете што работите, а не сега да се враќате на таа идеја на Шилегов за која како кандидат за градоначалник бевте против“, заклучи Станковиќ.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Муртезани: Предвремени избори при стабилна влада се несериозни изјави за дневна политика
-
Бројот на загинатите во Либан од почетокот на конфликтот меѓу Израел и Хезболах е над три илјади
-
Дала воена информација на Русија: Украинка осудена на 15 години затвор под обвинение за предавство
-
Совет за безбедност: Состојбата во земјата е стабилна, надлежните институции редовно ги следат состојбите во државата
-
71-годишен маж од Делчево нападнал дете
-
Скопјанка нападната во казино во Шутка
-
Баба и млад скопјанец се судриле со автомобилите, па физички се пресметале
-
Горан Весиќ најави оставка од функцијата министер за градежништво на Србија