Филипче тврди дека СДСМ е подготвена за предвремени избори
Опозициската СДСМ била подготвена за предвремени избори тврди лидерот Венко Филипче. Социјадемократите, тврди опозцискиот лидер, ќе настапeле многу поорганизирано и поуспешно од изборите во јули. Филипче вели, дека Мицкоски ја дал понудата за избори само за да кокетира со ДУИ, наспроти Вреди и ЗНАМ.
Нашата теренска анкета укажува дека 65 проценти од граѓаните не се задоволни од работата на Владата. Тоа значи дека двајца од тројца граѓани не се задоволни од економските политики, од падот на животниот, од нашиот европски пат Исто така, тоа е и порака дека Влен и ЗНАМ очигледно имаат маргинализирана улога и практично преполовена поддршка…Можам да кажам дека имаме фидбек, постои значајно подобрување на атмосферата внатре во општинските партиски организации, вратен е ентузијазмот, ни пристапуваат многу наши членови, но и оние кои што не гласале, останале дома или пак гласале за друг политички субјект.
Фрлената ракавица за предвремени избори е прифатлива и за ДУИ. Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ велат дека владејачката коалиција е стабилна, но дека ако СДСМ бара избори тогаш може и да ги добие.
Албанскиот партнер во Владата сепак поререзервиран за идејата.
„Од деведесеттите досега немало постабилна Влада и немало поголемо мнозинство од ова, 78 и тоа расте, сигурно за кратко време ќе надмине и 80, а тоа е две третини од Собранието. Тоа е доволен коментар. За државата и за граѓаните кога имаш мнозинство од 80 пратеници е непотребно да се размислува за предвремени изброи бидејќи тоа е само трошок за државата и е губење време.
Прашањето се отвори откако Мицкоски на собраниска седница како одговор на Филипче тој да го врати мандатот понуди предвремени избори заедно со локалните, со предупредување дека СДСМ може да се покае.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар