-->
-->
Станков: Најголем дел од телата биле пронајдени кај задната врата на автобусот која не можела да се отвори
-->

Директорот на Судска медицина, Александар Станков во интервју за Телма изјави дека телата на жртвите во автобуската несреќа моментално се во Судската медицина во Софија и дека е во нивен интерес да ни ги предадат што побрзо, затоа што немаат временски капацитети, во кои би се чувале посмртните останки уште долго време.
-На местото на настанот се задржавме час и половина. Баравме некој кој одлучува. Исто така го погледнавме автобусот, но не можеме да извлечеме заклучок зошто дошло до брзо горење. Дека резервоарот дека бил дупнат, па настанало горење се шпекулации засега. Тела имаше насекаде во автобусот. Сепак, најголем дел кај задната врата, која, за жал, не можела да се отвори, вели Станков.
Тој додава дека не се сомнева во работата на бугарските колеги и дека ДНК-примероците се земале сосема коректно, без поголеми проблеми.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Рокас му го предаде извештајот за Македонија на Гаши
-

ЕК ги презентираше извештаите за напредокот на кандидатите за членство во ЕУ
-

Тема на денот со Александар Кржаловски, директор на МЦМС
-

Предлог буџетот стигна во Собрание
-

Поради неажурноста на факултетите над 2.000 студенти од почетокот на месецот останаа без парите за оброк
-

Преглед на вестите од светот
-

ЕК ќе ги презентира извештаите за напредокот на кандидатите за членство во ЕУ
-

Мицкоски од Брисел: Ако ЕУ го толерира булингот на Бугарија кон Македонија, ваквите блокади ќе станат пракса
