Стабилно време со мала облачност
Времето во западниот и централниот дел на Македонија ќе биде променливо облачно со можност за врнежи во Охридско, додека во источниот дел од државата ќе биде сончево со ветер со променлив правец. Минималните температури ќе се движат од минус 3 до 6 степени, а максималните од 11 до 21 степен целзиусов.
На повисоките места во Осоговско-Малешевски регион утринските температури ќе се спуштат под нула, а потоа под влијание на топла воздушна маса и јужно струење ќе бидат во пораст.
Во Скопје и околината ќе биде променливо облачно со минимална температура од 3 степени, додека максималната ќе достигне до 18 степени целзиусови.
До четврток ќе преовладува стабилно и значително потопло време со умерен јужен ветер, а од петок се очекуваат повремени врнежи од дожд и опаѓање на дневните температури.
Ново на Сител
-
Статистиката измери инфлација од 4,4% во август
-
Хајрлуахи: Прават дефокус од Рекет 2
-
СДСМ: АНБ да ги декласифицира документите
-
Владините возила добија црвени таблички
-
„Синот“ на струмичкиот театар го отвори 33. фестивал „Ристо Шишков“
-
Преглед на вестите од светот
-
Голема НАТО вежба во Бугарија
-
Тема на денот со Туше Гошев, пратеник во првиот парламентарен состав