Српскиот патријарх во Македонија за Свети Сава
Патријархот на Српската православна црква, Порфириј ќе присуствува на церемонијата по повод празникот на српската заедница вo Македонија – Денот на Свети Сава кој ќе се одржи вечерва.
Порфириј ќе биде гостин на Македонската православна црква. На Светосавската академија која ќе се одржи вечерва во МНТ, патријархот ќе пристигне заедно со архиепископот Стефан. Честитки по повод денешниот празник испрати државниот врв.
Свети Сава несомнено е еднa од наjзначајните личности во српската национална, образовна, културна и духовна историја. Првиот српски архиепископ остави дело кое ги надминува националните граници и како такво е почитувано од сиот православен словенски свет – се вели во честитиката на Претседстелката Гордана Сиљановска Давкова.
- Вашиот придонес во општествениот и јавен живот покажува дека заедно, обединети, во заедништво и преку почитување на различностите, културите и традициите можеме да ја трансформираме Македонија напред, а за граѓаните обезбедиме подобра и посигурна иднина, вели Премиерот Мицкоски во својата честитка.
Светосавската академија е закажана за вечерва, детали ќе имаме во следните информативни изданија.
Ново на Сител
-
СДСМ не дава поддршка за промена на државниот грб
-
Таравари: Етничките прашања можат да се решат во пакет со химната и државниот грб
-
СДСМ ја повикува власта да ги поддржат мерките за подобрување на животниот стандард на граѓаните
-
ВМРО-ДПМНЕ поднесува повеќе законски измени
-
Перински: Општините веќе имаат поднесено дваестина апликации за финансирање на инфраструктурни проекти
-
Во Штип ќе се градат три паркови со европски пари
-
Преглед на вестите од светот
-
Иницијативата „Кој е следен“ бара реформи во правосудството