Српски државјанин обвинет за обид за тешка кражба на автомобил
Основното јавно обвинителство Скопје до Кривичниот суд Скопје поднесе обвинителен акт против еден државјанин на Република Србија, кој се товари дека се обидел да стори тешка кражба.
-Обвинетиот, кој немал регулиран престој во државава на 20 февруари годинава на паркинг простор пред еден хотел во Скопје, се обидел да одземе туѓ подвижен предмет – автомобил Мерцедес, сопственост на оштетено правно лице. Тој со употреба на погодни предмети ги отворил вратите на возилото проценето на вредност од 1.875.750 денари и се обидел да го стартува. Притоа бил затекнат од три лица кои повикале полиција и го спречиле во намерата, соопшти Јавното обвинителство.
Ценејќи дека и натаму постои опасност обвинетиот да се даде во бегство или да го повтори кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до Судот достави и предлог за продолжување на определената мерка притвор за обвинетото лице.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Сашо Клековски, директор на ФЗОМ
-
Наместо гаснење на пожари и краткорочни мерки, онколошките пациенти бараат долгорочен канцер план
-
„Живи ќе изгоревме“, вели патничка од автобусот на ЈСП кој се запали во Сопиште
-
Македонската полиција се засили со нови 497 припадници
-
Земјоделците бараат поедноставни процедури за добивање средства од државните програми
-
Туристичкиот сектор кубури со кадар
-
Одбележан роденденот на Тоше
-
Преглед на вестите од светот