Македонија
9. October 2019 - 9:05

Средното училиште „Михајло Пупин“ на патрониот празник ќе добие фотоволтаична електрана

Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев денеска ќе присуствува и ќе се обрати на свеченоста по повод одбележувањето на патрониот празник на Средното електротехничко училиште „Михајло Пупин“ во Скопје.

На настанот ќе биде пуштена во употреба и фотоволтаична електрана во училиштето, по што се предвидени изјави на вицепремиерот Анѓушев и претставници од училиштето.