Почнаа дебатите за реформи на Судскиот совет, конечно решение се очекува до крајот на декември
До крајот на декември би требало да се знае судбината на судскиот совет и кои ќе бидат реформите во ова тело.
Денеска почна првата дискусија помеѓу членови на судскиот совет, поранешни и сегашни судии, универзитетски провесори и стручната фела, за нацрт измените на законот за Судски совет и како да се подобри неговата независност.
И министерот за права и претседателката на Судски совет сметаат дека се потребни овие јавни дискусии со стручната фела за да се подобри работата на Судски совет.
Академик Владо Камбовски, кој е претседател на работната група формирана од Министерството за правда смета дека за опаѓањето на угледот на судството во земјава, се должи на кризата на владеењето на правото во Македонија во целина.
Различни мислења на првата дебата можеа да се слушнат околу изборот на членови на судскиот совет. Досега законот за избор на член на Судски не предвидува задолжителна излезност на судиите што значи дека членот може да биде избран и со еден глас за.
Како нов предлог од работната група се наведува, повеќе од половина од запишаните избирачи од изборната единица да излезат на гласање и за избран член да се смета кандидатот кој добил повеќе од половина од гласовите. Некои беа за, некои против овој предлог.
Се очекува да има уште 4 дебати на стручната фела по однос нацрт измените на законот за Судски Совет низ Македонија.
Според Планот за раст до декември следната година треба да биде донесен Законот за Судкси совет согласно препораките на оценската мисија. Иако Владата најави распуштање на Судскиот совет, сепак по загриженоста на овие најави од Брисел, се одлучи да се спроведат реформи во ова тело за да се подобри неговата работа и независност.
-
Тамара Дичоска
Сите содржини од овој новинар