Средба Османи – Суриани
Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваниот апостолски нунциј за Република Северна Македонија, со седиште во Софија, архиепископ Лучано Суриани.
На средбата, како што информира МНР, беше нагласено задоволството од успешниот развој на билатералните односи меѓу Република Северна Македонија и Светата Столица и на соработката дисперзирана во разни области од заеднички интерес.
Министерот Османи му посака успешна мисија на апостолскиот Нунциј, изразувајќи уверување дека со своето дипломатско искуство и личен ангажман ќе даде значаен придонес во продлабочувањето на односите и доближувањето на двете земји.
Апостолскиот Нунциј Суриани искажа подготвеност да го продолжи градењето пријателски врски меѓу Република Северна Македонија и Светата Столица, во духот на заемното разбирање и споделувањето заеднички културни, религиски и цивилизациски вредности.
– Соговорниците се согласија дека честите посети и средби изминатите неколку години се уште една потврда на блиските релации, но и обврска за натамошно динамизирање на секторската соработка, пред сè, во сферата на културата, заштитата на културно-историското наследство и образованието, стои во соопштението од МНР.
Ново на Сител
-
ЛДП поднесува предлог-закон за една изборна единица и отворени листи
-
Филипче бара фокус на ЕУ агендата
-
ВМРО-ДПМНЕ за модуларните
-
Какви предности ќе донесат измените на Закон за царини?
-
Се подобрува здравствената состојба на дел од повредените во трагедијата во Кочани
-
По 51-ви пат во Долнени грмнаа тапаните, писнаа зурлите и кавалите, се одржува фестивалот „Пеце Атанасоски“
-
Во пораст бројот на деца со деформитети
-
Преглед на вестите од светот