Средба на Тренчевска со претставници на Светска банка, разговарано за нов проект во делот на социјалната и детската заштита
Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска оствари средба со претставници на Светска банка на која е разговарано за новиот проект во делот на социјалната и детската заштита.
Од страна на претставниците на Светска Банка, како што соопшти ресорното Министерство, бил искажан интерес за подобрување на работата на центрите за социјална работа. Тие истакнале дека можат да понудат предлог план којшто ќе ги допре сите аспекти на работа на Министерството.
Министерката Тренчевска посочила дека досегашната соработка влева сигурност за цврсти чекори напред кои ќе бидат во корист на граѓаните.
На средбата присуствувале Сара Кол-Блек, виш специјалист за социјална заштита во глобалната практика за социјална заштита и работни места во Светска банка, Бојана Нацева, виш специјалист за образование, Даниел Гароте Санчез, меѓународниот консултант за мобилност на трудот и Цвета Перушеска – Јончевска, портфолио аналитичарка во Светска Банка.
Ново на Сител
-
Пет пациенти се враќаат од лекување од Србија
-
Палевски: Не може да се прогласи човек за виновен, доколку покрај изјавата нема материјален доказ
-
Неделава променливо облачно и нестабилно време
-
Телото на папата Франциск е привремено балсамирано
-
Лишени од слобода две лица во Демир Хисар, предизвикале пожар на градската депонија
-
Телото на папата Франциск е привремено балсамирано
-
Голема полициска акција: Мрежа од 50 лица со лажни дијагнози овозможувале туѓа нега и инвалидски пензии
-
83 годишен затвореник почина во затворот во Штип