Средба на претседателот на Собранието Џафери со неговата албанска колешка Никола
Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, денеска оствари работна посета на Република Албанија, при што, според предвидената агенда, се сретна со неговиот хомолог, односно, претседателката на Собранието на Република Албанија, Линдита Никола. Ова е втора билатерална средба на двајцата претседатели, по средбата во Атина, што, како што се вели во соопштението од собраниската прес-служба, е неспорен доказ дека Република Македонија и соседна Република Албанија се две земји со искрени, интензивни и пријателски односи, без отворени прашања помеѓу себе.
-Фактот што сме две соседни земји кои се на истото патешествие на процесот на евроинтеграции, меѓутоа и на истото очекување на почетокот на првата меѓувладина конференција со Европската унија, што ќе го одбележи и формалниот почеток на преговорите за полноправно членство во европското семејство, е уште еден мотив и силен поттик за динамизирање и зајакнување на уште потесна соработка помеѓу нас, стои во соопштевието за средбата на Џафери и Никола.
Двајцата соговорници заеднички констатирале дека имаме многу што да научиме едни од други и многу што да споделуваме како искуство едни со други како земји и како институции.
-Спектарот на соработка е широк, почнувајќи од оној меѓу-парламентарниот, на ниво на претседатели, на работни тела и на Пратенички групи за соработка, меѓутоа, и на меѓу-владино ниво, културно, образовно, здравствено и она најатрактивното за граѓаните на двете земји, односно, туристичката соработка. Се разбира, доброто инфраструктурно поврзување е императив за забрзан напредок на оваа соработка а силните национални врски се секако најдобриот мост за олеснување на оваа соработка, се наведува во соопштението.
Ново на Сител
-
Вработена во основно училиште пријавила дека била нападната од ученик
-
Жената која беше пријавена за исчезната, пронајдена почината
-
Федерер за последниот натпревар: Му кажав работи на Ѓоковиќ кои го разнежнија
-
Пакистан подготвен за мир ако Индија ги запре воените дејства, вели министерот Дар
-
Макрон во Киев: Подготвени сме да помогнеме ако има прекин на огнот од 30 дена
-
Тошковски за пожарот во Кочани: Во моментов се сослушуваат сведоци коишто се поврзани со кривичниот настан
-
Токсичен облак кај Барселона: Властите апелираат граѓаните да не излегуваат надвор
-
Трамп потпиша извршна наредба за почеток на програма за самодепортација