Македонија
9. May 2025 - 16:35

Ставревски и Славевски најсериозни кандитати за иден гувернер на Народната банка

Поранешните министри за финансии Зоран Ставревски и Трајко Славевски – најсериозни кандидати за нов гувернер на Народната банка. Мандатот на актуелната, Анита Бежоска, истекува на 22 мај. До тогаш, претседателката  Давкова до Собранието треба да достави предлог  - кој ќе раководи со монетарната политика и ќе ја чува стабилноста на денарот и банкарскиот сектор. Од Кабинетот на Давкова велат дека предлогот се уште не е готов,  во тек биле анализите на потенцијалните кандидати. 

Владејачката партија пак, како најбројно тело во Парламентот, веќе направила  интерна анкета – каде се наоѓаат неколку имиња. Прв на листата бил Ставревски, а веднаш зад него Славевски. , но дефинитивна одлука кој од нив да предложат –се уште нема. И двајцата се од Охрид и имаат богата економска биографија. Зоран Ставревски кариерата ја почнал токму во Народната банка . Потоа 10 години работел во  Светска банка , каде од февруари  2006 та бил водечки економист . По пределог на тогашниот премиер Груевски во 2009 та станува министер за финансии и вицегуверенер за економски прашања. .Функцијата за  извршува до 2016 та година.

Трајко Славевски е професор на Економскиот факултет  и актуелен претседател  на Советот на град Скопје.  Во 1992 та бил советник на министерот за развој, а  од 1999 до 2000 година   министер  за развој. Од 2005 до 2006 член на Советот на град Скопје, по што станува министер за финании до јули 2009 та година.  Креатор е на низа реформи во даночниот и финансискиотс систем во неговиот мандат.  

Според извори на Сител, во трка биле и актуелната гувернерка Бежоска Ангеловска, како и Маја Кадиевска Војновиќ, актуелна членка на Надзорниот одборт на КИБС и во Стопанска банка Битола  Од кабинетот на  Бежоска не сакаа да коментираат дали очекува уште еден мандат, велат 

Процесот на избор на гувернер е надлежност на Претседателот на државата и Собранието, согласно законски утврдениот протокол. Во таа насока, Народната банка нема коментар во однос на шпекулации или неофицијални информации поврзани со процесот.

Инаку според законот за Народна банка, мандатот на гувернерот трае 7 години и има право на уште еден реизбор. Доколу не се избере нов гувернер во Собранието, за што требаат 61 глас, функцијата продолжува да ја врши актуелниот, се додека не се назначи негов наследник.