Средба на Наумов со извршниот директор на СКСЗМ Хоџа
Актуелната политичка состојба и проблемите со кои се соочуваат компаниите што се поврзани со надлежностите на Управата за јавни приходи и Царинската управа беа тема на разговор на денешната средба меѓу дополнителниот заменик министер за финансии Кире Наумов и извршниот директор на Стопанската комора на северо-западна Македонија (СКСЗМ) Неби Хоџа.
На средбата, информираат од СКСЗМ, се посвети внимание и на проблемите со кои се соочуваат членките на Комората во предизборниот период. И двете страни се согласиле дека компаниите не треба да трпат негативни последици од политичките збиднувања во државата.
За време на средбата се предложени конкретни мерки за спречување на евентуалните злоупотреби од страна на државните органи во функција на изборите и се повикаа компаниите да пријавуваат секакви злоупотреби, притисоци и недоследности во спроведувањето на законите.
Ново на Сител
-
Телефонски разговор Мицкоски - Борисов
-
Тема на денот со Антонио Милошоски
-
Преглед на вести од светот
-
Ахмети му пиша на Мицкоски: Ситуацијата е сериозна
-
Борисов победник на изборите во Бугарија – Неизвесно формирањето на нова Влада
-
Од Скопје до Охрид ќе се патува за час и половина, интензивно се работи на Гостивар – Букојчани
-
Јокширски мост во Кратово пред распаѓање – се грижи ли државата за спомениците на културата?
-
Кочанчани го блокираа патот кој води кон депонијата