Средба на Муцунски со претставници на НВО за реформата во јавната администрација
Во рамки на процесот за изготвување на новата Стратегија за реформа на јавната администрација за периодот 2016-2021 година, заменик - министерот за информатичко општество и администрација Тимчо Муцунски денеска имаше средба со претставници на невладини организации.
Како што соопшти Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА), на состанокот бил претставен оперативниот план за изготвувањето на новата стратегија и е упатен повик за активно вклучување на невладиниот сектор.
- Покрај помошта што ја имаме од СИГМА, во смисла на експертска и техничка помош, сметаме дека е многу битно да го вклучиме и невладиниот сектор, со цел отвореност и транспарентност на целиот процес, рече Муцунски.
МИОА, како што стои во соопштението, во претстојниот период ќе го координира процесот на изготвување на новата Стратегија за реформа на јавната администрација. За таа цел е формирана меѓуресорска работна група, со претставници на релевантни институции кои имаат свои надлежности во рамки на реформата на јавната администрација, при што ќе биде вклучена и академската заедница.
Ново на Сител
-
Трудо: Ќе бидеме со Украина, колку што е потребно, со сè што е потребно
-
Најави за зголемување на расходите за одбраната и повторно вооружување на Европа
-
Македонските каратистки балкански првенки во кати
-
„Блу гоуст“ слета на Месечината
-
Стармер: На Самитот во Лондон договорени четири клучни чекори
-
Маската „Танц на ангелите“ најдoбрa на Прилепскиот карневал
-
Приведени двајца охриѓани, при претрес на возилото пронашле дрога
-
Стармер: Мировен исход за Украина би бил клучен и за стабилноста на Европа