Средба на министрите за одбрана од НАТО по дипломатските тензии со Русија
– Министрите за одбрана од земјите-членки на НАТО ќе се сретнат денеска во Брисел по новата пресметка со Русија, која резултираше со прекин на односите на Москва со Алијансата и затворање на канцеларијата на НАТО во таа земја, јави ДПА.
Се очекува министрите за одбрана денеска да се договорат за новиот главен план за одбрана од секој потенцијален руски напад на повеќе фронтови, и покрај новиот фокус на алијансата кон Кина, тврдат дипломати и официјални лица, пренесуваат западни медиуми.
Доверливата стратегија ги надминува постојните регионални планови за одбрана и има за цел да се подготви за секој истовремен напад во балтичките и црноморските региони, по можност со нуклеарно оружје, хакирање компјутерски мрежи или вселенски напад, пренесува Јаху њуз.
Официјални лица и дипломати велат дека таков напад не е непосреден. Русија негира какви било воени намери и вели дека НАТО е тој што ризикува да ја дестабилизира Европа со вакви подготовки.
Но, американски официјални претставници, дипломати на НАТО и поранешни претставници велат дека е потребен „концепт на одвраќање и одбрана во евроатлантската област“, бидејќи Русија развива напредни системи за оружје и распоредува војници и опрема поблиску до сојузничките граници.
Во мај, Русија распореди околу 100.000 војници на границата со Украина, најголем број откако Москва го анектираше Крим во 2014 година. Во септември, Русија употреби нови борбени роботи во големи воени вежби со Белорусија, што ги алармираше балтичките сојузници.
Ново на Сител
-
ЦУК: Активни три пожари, еден под контрола и еден изгаснат
-
FLEX CREDIT го зацврстува лидерството со рекордни резултати и 65 филијали низ Македонија
-
Мицкоски: Правиме гигантски чекори во економијата-раст на БДП меѓу 4 и 6 отсто во вториот квартал и историско зголемување на индустриското производство
-
Лишен од слобода битолчанец кај кого била пронајдена марихуана
-
Ѓорѓиевски: 2025 е најуспешната година за капитални инвестиции во историјата на Кисела Вода
-
Во кривопаланечкиот здравствен дом вработени нови 20 лица, од нив 7 лекари и 6 медицински сестри
-
Во националниот парк Шар Планина најдени незаконски исечени букови дрва за огрев
-
Коцевски: Нема политичко влијание врз мојата работа, но Обвинителството се соочува со сериозни предизвици