Средба на министерот Тошковски со заменик амбасадорот на Шведска Биби Грамсон
Техничкиот министерот за внатрешни работи Панче Тошковски остварил работна средба со заменик амбасадорот на Кралството Шведска Биби Грамсон, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.
На средбата Тошковски ја потенцирал улогата што ја има МВР во насока на спроведување на изборните процеси кои ни претстојат, како и правата и обврските кои ги има како министер во оваа техничка Влада, кои имаат цел за организирање фер и демократски избори.
Заменик амбасадорот Грамсон, се додава во соопштението, ја истакнал добрата соработка со македонската полиција, а нејзиниот тим го претставил проектот за Шведската поддршка на полициските реформи кој ќе го спроведува „СИДА“ Шведската меѓународна агенција за развојна соработка.
Тошковски се заблагодарил за досегашната поддршка на македонската полиција и изјавил дека стои на располагање за сите потреби за тековно спроведување на предвидениот проект.
Ново на Сител
-
Нетанјаху: Знаеме дека 21 заложник е жив, нема потврда за судбината на уште тројца
-
Променливо облачно, попладне наместа пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-
Состојба на патишта
-
Црн чад над Сикстинската капела во Ватикан
-
ПМФЛ: Шкендија со триумф над Работнички ја обезбеди шампионската титула
-
Започна конклавата за избор на нов папа
-
Пронајден починат маж во Бутел
-
Николски за заемот од 6 милијарди евра: Делот за тоа колку ќе се задолжиме е погрешно пренесен