Средба на Џафери со претседателката на албанскиот Парламент, Никола
За време на Европската конференција на претседатели на парламенти, претседателот на Собранието Талат Џафери оствари протоколарна средба новоизбраната претседателка на албанското Собрание, Линдита Никола.
Притоа, како што соопшти собраниската Прес-служба, Џафери изрази надеж дека одличната соработка меѓу парламентите на двете земји ќе продолжи да се развива и унапредува и во наредниот период.
Во продолжение на разговорот, соговорниците размениле информации за актуелните случувања во двете земји, при што, Џафери информирал за процесот на локалните избори, за кои рекол дека се спроведуваат според највисоките меѓународни стандарди и изрази уверување дека во иста фер, мирна и демократска атмосфера ќе помине и претстојниот втор круг на 31 октомври.
Двајцата претседатели се осврнале и го поздравиле позитивниот извештај на Европската комисија за напредокот на двете држави за 2021 година, презентиран минатата недела од страна на еврокомесарот за проширување Оливер Вархели, пред членовите на Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент.
На крајот на средбата, Џафери упатил покана до новоизбраната претседателка на албанското Собрание да ја посети земјава.
Ново на Сител
-
Рокас: Судството мора да има средства и буџет за независна работа
-
Гутереш: Украина има легитимна влада
-
Трамп разговарал со претставници на Мјанмар, ветил помош за земјата
-
Рубио: Русија се согласува на прекин на огнот, но поставува услови
-
Уште еден американски осуденик побара смртната казна да биде извршена со стрелање
-
Хамас: Се интензивираат разговорите со посредниците за прекин на огнот во Појасот Газа
-
Џеј Ди Венс пристигна на Гренланд, ги посети американските војници во базата Питуфик
-
Сиљановска Давкова се сретна со адмирал Стјуарт Манч, командант на Здружената команда на НАТО во Неапол