Хамас: Се интензивираат разговорите со посредниците за прекин на огнот во Појасот Газа
Портпаролот на Хамас, Басем Наим денеска изјави дека разговорите со посредниците за договор за прекин на огнот во Појасот Газа се интензивираат, додека Израел ги продолжува воените операции врз палестинската енклава.
– Се надеваме дека наредните денови ќе донесат вистински напредок… бидејќи контактите со посредниците се интензивираа изминатите денови, истакна Наим.
Според него тоа има за цел да овозможи продолжување на „преговорите за втората фаза од прекинот на огнот, што треба да доведе до целосен крај на војната и повлекување на окупациските сили
Неименувани палестински претставници претходно изјавија дека синоќа во Доха почнале преговори помеѓу Хамас и египетски и катарски посредници за обновување на прекин на огнот и да се постигне договор за ослободување на заложниците од Газа.
Индиректните преговори меѓу Хамас и Израел за продолжување на примирјето, со посредство на Египет, Катар и САД, се во застој. Првата фаза од прекинот на огнот истече на 1 март. Според здравствените власти во Појасот Газа, во обновените израелски напади загинале најмалку 896 луѓе.
Ново на Сител
-
Приведено лице од Кавадарци, возел пијан - а имал забрана за управување возило
-
Ѓоковиќ за проблемот со очите во финалето во Мајами: Не сакам ова да звучи како изговор
-
Во Србија треба да почнат консултации за формирање влада
-
Трамп: Американските царини ќе ги опфатат сите земји
-
До петок повремени врнежи
-
Приведено лице, возело 173 километри на час на автопатот Гостивар - Тетово
-
Приведен бегалец од затвор, вратен е во КПУ Идризово
-
ДУИ: Зошто владата ја крие вистината за врските на агенцијата „Рубикон“?