Средба на Џафери со Петков
Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери денеска оствари средба со премиерот на Република Бугарија, Кирил Петков.
Претседателот Џаферил изразил задоволство од денешната средба која е меѓу првите во надворешно – политичка агенда на Премиерот на Република Бугарија, со што се покажува отвореност и спремност за внесување на нови, свежи текови во политиката кон соседните земји.
– Тој ги нагласи напорите на Република Македонија за градење на добрососедски односи и регионална соработка со сите земји во регионот и пошироко, при што подвлече дека за нашата земја е од суштинско значење подобрувањето на билатералните односи со Република Бугарија. Претседателот Џафери искажа уверување дека потпишувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу двете земји од 2017 година претставува значаен напредок во историјата на односите на двете држави и со тоа се потврдува заложбата за меѓусебно почитување и разбирање. Тој претставува добра основа за унапредување на соработката меѓу двете земји и изрази очекување соработката во иднина уште повеќе да се зајакнува и унапредува, стои во соопштението од собранискиот Сектор за односи со јавноста.
Во однос на меѓусебната парламентарна соработка, претседателот на Собранието Џафери потенцирал дека е потребно таа соработка да продолжи и да се динамизира преку повеќе контакти, како на највисоко ниво, така и преку соработка на ниво на парламентарните работни тела и пратеничките групи за соработка.
– Во иднина, мора да се посвети поголемо внимание и интерес на подоброто инфраструктурно поврзување меѓу двете земји преку Коридорот 8 и тоа пред сé, на патното, железничкото, енергетското и дигиталното поврзување, што ќе овозможи унапредување на бизнис соработката меѓу двете земји и поголема размена на луѓе, стоки и услуги за кои постои огромен потенцијал. Коридорот 8 ќе го поврзе Црното со Јадранското море, со што ќе се надмине регионалниот контекст и ќе се овозможи поголемо влијание на регионот на светско ниво, стои во соопштението.
Во однос на отпочнувањето на преговорите за членство во Европската унија, односно одржувањето на првата меѓувладина конференција, претседателот на Собранието Џафери истакнал дека тоа е од исклучително значење за земјата и, според него, членството на Република Македонија ќе биде во интерес на сите земји од балканскиот регион, особено за Бугарија.
Премиерот Петков искажал големо задоволство од посетата и од сите денешни средби и разговори што имал можност да ги оствари. Информирал дека веќе се договорени владините работни групи и се очекува тие да имаат работни средби барем еднаш месечно. Петков очекува наскоро да се воспостави авионската линија Скопје-Софија, со што ќе се овозможи подобра комуникација меѓу граѓаните од двете држави.
– Истакна дека на балканскиот регион живеат околу 65 милиони жители и во едни поинакви околности, без бариери, со добри меѓусоседски односи, бизнис релациите би се унапредиле и за целиот регион би се создала една подобра слика во светски рамки. Ја поддржа иницијативата за динамизирање на парламентарната соработка и смета дека во најскоро време треба да се остварат посети на највисоко парламентарно ниво. Република Бугарија вистински ќе биде дел од Европската унија кога и останатите земји од регионот ќе се приклучат на ЕУ и само тогаш ќе се почувствуваат сите придобивки од членството во Унијата, соопштија од собранискиот Сектор за односи со јавноста.
Џафери и Петков се согласиле дека во иднина е потребна уште поголема меѓусебна соработка и поддршка, со цел унапредување на регионот и подобрување на животниот стандард на граѓаните.
Ново на Сител
-
Путин: Американските санкции нема значително да влијаат врз руската економија
-
Колку и да си популарен остани си човек | Боби Павловски | ПРОфесија | Sitel Podcast 120
-
Милосим Војнески се повлекува од изборната трка за градоначалник на Македонски Брод
-
Кривичен одреди притвор и куќен притвор за осомничените за лихварство и перење пари
-
На Табановце и Блаце за влез и излез од државава се чека до 40 минути
-
Мицкоски: Нема предвремени избори, време е за голема офанзива на секој план, народот сака подобар стандард
-
ДИК ги одби сите 57 приговори за првиот круг од локалните избори
-
Мицкоски: Да излеземе масовно на 2 ноември и да го заокружиме бројот 9 за развој и напредок