Четиригодишно дете најмладиот милионер во Македонија, највозрасниот е 97-годишен пензионер

Дете од четири години остварило 3,1 милион денари од дивиденда, а 97-годишен пензионер 1,089 милиони денари, од кои 59 отсто од пензија, а останатото од дивиденда, покажуваат податоците од Управата за јавни приходи (УЈП) за 2025 година.
Како што информира директорката на УЈП, Елена Петрова, минатата година се поднесени 863.100 даночни пријави од граѓани или 10,6 отсто повеќе од 2024 година. Најголем дел од пријавите се поднесени во Скопје, по што следуваат Штип, Прилеп, Битола, Тетово и Струмица.
- Интересни се податоците за највисоките поединечни доходи. Највисоката годишна бруто плата изнесува 139,1 милион денари, највисоката дивиденда е 252,6 милиони денари, а највисоката капитална добивка е 164,2 милиони денари. Највисокиот доход од самостојна дејност е 157,9 милиони денари. Кога станува збор за вкупен доход од сите извори, највисокиот доход во 2025 изнесува 257,5 милиони денари и го остварил граѓанин од Гевгелија преку плата, дивиденда и друг доход исплатен од една компанија. Следува граѓанин од Охрид со 254,4 милиони денари. Овие приходи покажуваат зошто е важно различните извори на доход да се разгледуваат заедно, а не изолирано, рече Петрова на брифинг со новинарите.
МИА
Ново на Сител
-

Над 136 илјади туристи ја посетиле земјава во септември, најбројни од Турција, Србија, Германија и Полска
-

Седница за опозициски прашања во Собранието
-

Облачно и топло со утринска магла
-

Хет-трик на Стефан Ристиќ за голема победа на македонската репрезентација до 17 години над Унгарија
-

Андовски: Алта банка АД Битола ги исполнувала сите супервизорски стандарди пред воведувањето администрација
-

Сиљановска-Давкова на COP31: Климатската амбиција мора да се претвори во конкретно дејствување
-

Културата како мост за поврзување со Јапонија
-

Мицкоски: Ваква енергетска криза немало досега, но поскапувања на струјата кај нас ќе нема
