Средба на Џафери со белгискиот амбасадор Франсоа Бонтан
Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери денеска оствари официјална средба со амбасадорот на Кралството Белгија во Република Македонија Франсоа Бонтан.
- Амбасадорот Бонтан ја подвлече натамошната подготвеност на Кралството Белгија да одржува, развива и негува потесни билатерални врски со Република Македонија на билатерален план, како во процесите на евроинтеграцијата на Република Македонија, така и меѓу парламентите на двете земји. Тој изрази уверување и очекување дека во наредниот период ќе дојде до стабилизација на државата на политички план, со што ќе се создадат продуктивни услови за заживување и на економските врски, особено на планот на белгиските инвестиции во земјата, соопшти Кабинетот на Претседателот на Собранието на РМ.
Џафери го запознал амбасадорот со последните подговотвки за утрешната седница кога се очекува да биде избрана новата влада, по што ќе следи формирање на работните тела на Собранието, делегациите и пратеничките групи за соработка со парламенти на одделни држави, а потоа и законски измени во контекст на локалните избори наесен. Тој го запознал амбасадорот дека и во овој пратенички состав, меѓу другите, ќе биде формирана и Пратеничка група за соработка со парламентот на Кралството Белгија, со што ќе продолжи натамошното продлабочување на поблиски меѓупарламентарни врски.
- Соговорниците разменија видувања за демократијата како цивилизациска придобивка која во парламентарното работење не смее да се злоупотребува, туку треба да биде услов за да се овозможи конструктивна дебата на сите политички фактори во законодавниот дом, место каде што нема толеранција за каква било форма на насилство. Правењето компромиси не смее да се користи како средство за попречување на процесите, туку како метод на заедничко работење и заедничка соработка во функција на целосен општествен напредок, со цел да се реализираат, пред сè, очекувањата и интересите на граѓаните, информира Собранието.
Соговорниците се согласиле дека воспоставените пријателски односи меѓу Република Македонија и Кралството Белгија треба и натаму да продолжат да се негуваат со силна посветеност и меѓусебна доверба.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Диме Велев, претседател на Сојуз на здруженија на дијабетичари
-
Трајановски најавува градежна офанзива во патната инфраструктура
-
Трет ден комисиска расправа за предлог-буџетот за 2025 година
-
Мицкоски ги повика банките на општествена одговорност
-
СДСМ: Власта ја партизира АЕК
-
Мицкоски: Нема да има отстапки во позициите за ЕУ перспективата
-
Четвртина од населението во државата не знае дека има дијабет
-
Зголемен бројот на деца со тешкотии при читањето