Средба на делегации од македонскиот и бугарскиот ПЕН центар во Крива Паланка
Делегации од ПЕН-центрите на Република Македонија и Република Бугарија, предводени од претседателите и раководствата денеска се состанаа на неформална средба што се одржа во салата за состаноци на манастирскиот комплекс „Св. Јоаким Осоговски“ кај Крива Паланка.
– Иницијативата се роди на 17-тата биенална конференција на балканската ПЕН-мрежа што се одржа во Преспа во јуни годинава, чијшто домаќин беше македонскиот ПЕН центар. На конференцијата се договоривме да се одржи неформална средба, дружба, на која ќе се иницираат понатамошни конкретни активности, размени и книги и останати на списанија, промоции, автори и останати облици на соработка. Идејата е ПЕН-от да ги шири границите на книжевниот збор и израз пошироко од државата и да воспостави соработка, размени на дела во превод, книжевни читања, заеднички промоции и друго, изјави Зоран Анчевски, претседател на Македонскиот ПЕН центар.
На средбата во делегацијата од Македонски ПЕН центар покрај претседателот Анчевски присуствуваа и Владимир Мартиновски, потпретседател, Катица Ќулавкова, потпретседател на Меѓународниот ПЕН центар со седиште во Лондон, Данило Коцевски, Весна Ацевска, Санде Стојчевски, Александар Прокопиев и Калина Малеска.
Петчлената делегација од Бугарија ја предводеше претстедателката на Бугарскиот ПЕН, Здравка Ефтимова.
Ефтимова искажа пофални критики за повеќе македонски автори, поети, есеисти, прозаисти, ги претстави членовите на нивниот центар и ја искажа срдечната отвореност за понатамошна блиска и плодна соработка со македонските колеги.
На средбата присутните имаа можност и да се запознаат со историјата на манастирот Сарандопорски, а од проф. д-р Јордан Михајловски од Крива Паланка слушнаа и за преродбеникот Јоаким Крчовски кој учителствувал и просветувал во овој крај, чиишто мошти се наоѓаат во храмот „Св. Димитриј“ во центарот на градот.
Книжевниците реализираа и заедничко читање за време на пладневниот ручек.
Ново на Сител
-
СДСМ со митинзи во Илинден, Петровец, Бутел, Чучер Сандево
-
ВМРО-ДПМНЕ со митинзи во Чаир, Аеродром и Гази Баба
-
Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-
По 18 пат во чест на Тоше маратонците го истрчаа Меѓународниот ултра маратон од Нова Градишка до Крушево
-
Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ закажано за 19 ноември
-
ЛКМ со морална осуда за д-р Игор Кузмановски – Неврологот и понатаму без активна лиценца
-
Сиљановска-Давкова најави македонско бугарски разговори по локалните избори
-
Се дистрибуираат гласачките ливчиња за изборите во недела