Средба Коѕијас- Кумуцакос за името
Нешто помалку од два и пол часа траеше средбата на шефот на грчката дипломатија со одговорниот за надворешна политика во опозициската Нова демократија Јоргос Кумуцакос во рамките на активностите на Никос Коѕијас да ги извести партиите за преговорите за името.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, средбата што се одржа во грчкото МНР, беше затворена за медиумите, а Кумуцакос по завршувањето само кусо коментираше дека опширно разговарале. Меѓутоа не постојат информации за деталите и што точно си кажале Коѕијас и Кумуцакос.
- Имавме опширен разговор за кој ќе го известам претседателот на партијата, кусо рече одговорниот за надворешна политика во опозициската Нова демократија, излегувајќи од грчкото МНР.
Со средбата со Кумуцакос, заврши циклусот брифирање на грчките партии од министерот за надворешни работи.
Никос Коѕијас, како што веќе објави МИА, во понеделникот се сретна со генералниот секретар на Комунистичката партија, Димитрис Куцубас и со лидерот на Река, Ставрос Теодоракис, во вторникот со првиот човек на Сојуз на централисти, Василис Левендис и со претседателката на Движење за промена, Фофи Генимата.
Откако претседателот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис побара да биде избрифиран од премиерот, а не од министерот, со Никос Коѕијас се сретна одговорниот за надворешна политика во партијата.
Ново на Сител
-
Мајкрософт: Русија, Кина и Иран се во брак со кибер-криминалците за да им наштетат на САД и сојзниците
-
Земјотрес регистриран во попладневните часови во Македонија
-
Почина Жика, 16-годишниот лав во скопска ЗОО
-
Уапсени четворица криумчари во Грција – наплатиле по околу 8.500 евра по мигрант за да ги пренесат од Турција до Италија
-
Реакција од Стручниот колегиум при ЈЗУ УК за респираторни заболувања кај децата-Козле
-
Неврохирургот Рендевски, претседавач на Европскиот конгрес по неврохирургија
-
ОН: Израелската армија го „отсече“ северниот дел на Газа од остатокот од Газа
-
Четири општини најавија поддршка од сите аспекти за Здружението на граѓани Албанска академија на науките и уметност