Неврохирургот Рендевски, претседавач на Европскиот конгрес по неврохирургија
Професорот од универзитетската клиника за неврохирургија во Скопје неврохирургот д-р Владимир Рендевски, на овогодишниот европски конгрес на неврохирурзи што се одржува од 13 – 17 октомври во Софија, Бугарија, е избран за претседавач на сесијата на неврохирурзи на југоисточна Европа, во рамки на работниот дел на конгресот, што претставува големо признание за нашата држава од страна на европската асоцијација за неврохирургија, како држава која сеуште не е официјална членка на Европската Унија.
На овој најголем научен настан од областа на неврохирургијата во Европа, учествуваат 1675 учесници, со 1337 научни презентации, 371 предавач и 6 главни говорници, кои во овие 5 дена во повеќе паралелни работни сесии ги разменуваат своите искуства и научни сознанија од областа на неврохирургијата и невронауката.
Темата на овогодишниот конгрес е ,,Иновации, образование и лидерство“, што ја одразува моменталната потреба темелно да се дискутира за иднината на неврохирургијата во врска со технолошкиот напредок, што може да го подобри неврохируршкото образование, обука и третман, со цел да се создадат следните лидери на неврохирургијата во Европа.
Професорот Рендевски, во работната научна сесија, како раководител на научноистражувачкиот мултидисциплинарен тим, ги претстави најновите резултати од нивната повеќегодишна работа во областа на биомаркерите од групата на инерлеукини и оксидативниот стрес, кај пациентите со хеморагичен мозочен удар. Тие направија апликативен софтверски пакет, кој овозможува математичка пресметка и 3Д прикажување на резултатите од предвидуваниот мозочниот едем што се развива кај пациенти по настанување на мозочниот удар.
Дел од овие истражувања минатата 2023 година беа публикувани и во престижното списание Brain Pathology, како и во поглавје од стручна книга објавена од најголемата издавачка куќа за стручна стручна литература Springer, а за кои работната група беше и наградена со 1-ва награда на меѓународниот европски конгрес по невронаука Mind and Brain, што традиционално по 62-ри пат се одржа во Пула, Хрватска.
Во рамки на европскиот конгрес по неврохирургија, Македонија ја претставуваат и проф. д-р Александар Чапароски и асс. д-р Благој Шунтов, сите заедно од универзитетската клиника за неврохирургија Скопје, воведно и актуелни наставни работници на Медицинскиот факултет при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј“ од Скопје.
Ново на Сител
-
Апсења во случај на корупција во кој е вклучена агенција на НАТО
-
Таравари: Јас поднесувам оставка, другите ќе бидат разрешени
-
Зеленски рече дека е подготвен за каков било формат за преговори за ставање крај на војната
-
Пратениците донесоа повеќе закони, долга дискусија по измените на Законот за Инспекторат за употреба на јазиците
-
Приведен 33 годишник од Битола, при претрес на неговиот дом пронајдени се дрога и воздушна пушка
-
Студентите од Правниот факултет во Ниш поднесоа кривична пријава против Вучиќ поради посетата на пациенти од Кочани во УКЦС
-
Почна протестот на семејството на Фросина Кулакова која загина во сообраќајка на „Партизанска“
-
Обвинителството бара замена на мерката „притвор“ со „куќен притвор“ за поранешен министер за економија и државен секретар за трагедијата во Кочани