Средба Димитров - Рот

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска ќе има средба со државниот секретар за европски прашања во Министерството за надворешни работи на Германија, Михаел Рот, кој од вчера е во посета на Македонија.
Германскиот дипломат вчера се сретна со премиерот Зоран Заев, на која, како што соопшти владината служба за информирање, била изразена силна поддршка од Германија за чекорите на премиерот и на новата Влада на Македонија, во првиот месец од формирањето. Оценето е дека се направени видливи позитивни придвижувања што најавуваат резултати во евроинтеграциските процеси.
Спроти посетата на државниот секретар Рот, од германското МНР соопштија, дека тој изразил надеж од посветеноста на рефромите на новата Влада во земјата, чие формирање, наведуваат, беше долго и тешко.
- Беше крајно време да бидат надминати блокадите во поранешната југословенска Република Македонија. Одговорните политичарите ја однесоа земјата во многу тешка ситуација. Затоа сум задоволен од првичните надежни сигнали од новата влада. Премиерот Заев кажа јасно дека сака темелно да се занимава со интеграцијата во ЕУ и дека е искрено заинтересиран за регионално помирување, се наведува во информацијата од германското МНР пред посетата.
Германскиот дипломат Рот доаѓа во Скопје по посетата на Белград.
Михаел Рот е еден од највлијателните дипломати во германското МНР, член е на германските социјалдемократи и еден од најблиските соработници на министерот за надворешни работи Зигмар Габриел, кој е дел од кампањата на СПД за сојузните избори закажани за септември, а учествува и во меѓународната медијација за кризата во Катар.
Ново на Сител
-

Стан во Белград продаден за вртоглави 2,6 милиони евра, за еден квадрат платени 12.000 евра
-

Мерц: ЦДУ е потресена до срж од победата на АфД
-

Русија го затвора германскиот конзулат во Санкт Петербург
-

Србија на чекор до избори; Студентите со порака до Вучиќ - Претседателе, конечно си надлежен
-

Министерот за надворешни работи на БиХ го повлекува персоналот од амбасадата во Белград, најави намалување на односите со Србија на минимум
-

Во Албанија само во август 159 сообраќајни несреќи со 22 жртви, изречени над 47 илјади казни
-

ПМФЛ: Четврта победа на Струга на домашен терен без примен гол
-

Македонските фудбалери против Швајцарија стартуваат во ЛН
