Живот
24. August 2018 - 13:03

Срцето да ви пукне од тага: Кога и да ја гледа оваа глетка, неподвижниот Шумахер плаче

Тажни се овие денови од животот на легендарниот спортист Михаил Шумахер кој е неподвижен по несреќата која ја доживеа на скијање речиси пред пет години. 
 
Имено, како што пренесува „Дејли мирор“, седумкратниот шампион на Формула 1 се чуствува емоционално лошо кога ќе ја види убавата природа, па од таа глетка неретко го тера да пушти солза. 
 
Поранешниот германски возач моментално живее во Гланд, мало место кое се наоѓа во западна Швајцарија, а неговото семејство зборува за тоа како Шумахер се чуствува додека ги гледа убавите пејсажи кои го опкружуваат. 
 
- Кога се наоѓа во инвалидска количка и ја гледа прекрасната природа и планините преку Женевското езеро, понекогаш плаче, откриваат најблиските.