Loading Video...
Свет
31. May 2023 - 16:30

Србите во општините во северниот дел на Косово и денеска протестираат

Србите во општините во северниот дел на Косово и денеска протестираат.

Најмногу се во Звечан и Лепосавиќ. КФОР пред општинската зград во Звечан постави бодликава жива, а демонстрантите развиорија 250 метарско српско знаме.

Зад војниците на КФОР се припадниците на аспецијалната косовска полиција. 

На пртотестите косовските срби бараат повлекување на специјалците од северот, а албанските градоначалници да ги напуштат општинските згради во Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток.  

И Соединетите Држави побараа но косовскиот премиер, Курти одби да ги премести градоначалниците во други објекти или да работат од дома и да ги повлече припадниците на специјалната полиција. 

Можеби градоначалниците нема да го завршат мандатот, изјави Курти, но нагласи и дека мора да ги извршуваат своите должности во општинските згради каде што се избрани. 

 Меѓународната заедница го прифати Изборниот процес и неговите резултати. Како сега ги оспорувате овие градоначалници кога сакаат да влезат во зграда која е службена. 

Решението за кризата на северот е или разгневената толпа што пука да се врати во Србија или да заврши во косовските затвори, а потоа да се намали бројот на полицајци во општинските згради порача Курти.

Како прва мерка против Косово, Соединетите Држави одлучија Косово да не учествува во меѓународната вежба.  Дефендер Европа 23. а се размсилува и за други санкции рече американскиот амабсадор во Приштина.

Синоќа НАТО соопшти дека донесена е одлука за распоредрување дополнителни сили на Ксоово, за да може КФОР да гарантира безбедност, согласно совјот мандат.