-->
-->
Србите нема да го гледаат Роналдо
-->
Најдобриот португалски фудбалер, Кристијано Роналдо, нема да биде во составот на националниот тим на квалификацискиот натпревар против Србија, кој ќе се одигра в недела.
Португалија, во четвртокот, со победата над Данска (1:0) избори директен пласман на Европското првенство, па поради тоа стручниот штаб реши дека нема потреба најголемите ѕвезди да патуваат во Белград на натпреварот со Србија.
Покрај Кристијано Роналдо, одмор од селекторот Фернандо Сантош добија Тијаго и Рикардо Карваљо, поради што повик во националниот тим добија Рикардо од Ница и Руи Фонте од Брага.
„Размислувавме за ова подолго време, но дури сега се договоривме да направиме промени за нашиот нареден меч. Свесни сме дека некои играчи се преморени. Бидејќи ја остваривме целта, би сакал да видам што можат на овој тим да му донесат и некои други играчи“, рекол Сантош.
Дуелот Србија-Португалија, кој нема резултатско значење ќе се одигра в недела (18 часот) на стадионот на Партизан во Белград. Португалија избори пласман на ЕП, Србија е без шанси за пласман во Франција, а за второто место ќе решава мечот меѓу Ерменија и Албанија, доколку Албанците победат ќе одат директно на ЕП, во спротивно ќе играат во баражот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ го осуди настанот
-
Раста уапсен во Охрид, не стигна да настапи со Џејсон Деруло
-
Повторно гори кај Желино: Состојбата на другите места ширум државата е стабилна
-
Министерот за спорт барал Младинската олимпијада да не се одржи во Скопје
-
ВМРО-ДПМНЕ: За Кочани прашајте го Коцевски
-
СДСМ: Има ли Алказар Енерџи одобрение за изградба
-
Осуммина повредени од трагедијата во Кочани се уште во болница
-
Училиштата ќе се финансираат според реалниот трошок за образование на еден ученик