Србија: Ја претепал неговата сопруга и нејзината мајка па се разнел со бомба
Утринава во Вршац, Србија се разнел 47 годишен србин откако претходно ја претепал неговата мајка и девојка, кои според српскиот портал Нова.рс, се здобиле со тешки повреди.
Соседите на Гордана и Драгица П, ќерка и мајка во чија куќа Душан С.(47) во раните утрински часови активирал рачна бомба и починал од повредите на лице место, велат дека слушнале експлозија и прво помислиле дека е судир. Кога излегле надвор ги виделе Гордана и Драгица со раскрвавени глави.
На експлозијата ѝ претходела жестока расправија при што Душан С. се качил на првиот кат од куќата и ја активирал бомбата.
„Ја слушнав Гордана како вика помош и полиција. Потоа се слушна тресок и сите излеговме на улица“, рече една вознемирена сосетка која објаснува дека никогаш порано не слушнала расправии во оваа куќа.
Ново на Сител
-
Филков чека одговор од СДСМ за реформските закони
-
Костадиновски: Уставниот суд е најнереформирана институција од независноста на Македонија
-
Ако маркетите драстично ги зголемат цените ќе следуваат поригорозни мерки
-
Спречен колапс на македонскиот електросистем за време на велигденските празници
-
Наставниците стравуваат дека ќе останат без работа со новиот закон за основно образование
-
Преглед на вестите од светот
-
Ново судење за убиставата на Вања и Панче
-
Дали е потребен закон за Уставен суд?