Србија и Кина се договорија за безвизен режим од 1 јануари 2017.

Србија и Кина се договорија од 1 јануари 2017 година да воведат взаемен безвизен режим, а спогодбата за тоа беше потпишана вчера на средбата на владините лидери на земјите од Централна и Источна Европа и Кина во формат 16 плус еден вчера во Рига, соопшти српското Министерство за надворешни работи.
- Спогодбата предвидува лицата кои имаат обични пасоши на Република Србија и на Кинеската народна република да бидат ослободени од задолжително вадење виза за престој до 30 дена. На тој начин Србија ќе стане првата земја во регионот на Централна и Источна Европа, која ќе ги укине визите со Кина, се вели во соопштението.
Српскиот премиер Александар Вучиќ, кој учествува на средбата во Рига, изјави дека од 1 јануари следната година граѓаните на Србија ќе можат да патуваат до Кина без визи и и граѓаните на Кина ќе може да патуваат во Србија без визи.
Ново на Сител
-

Втора шанса за прв впечаток: Може ли Скопје и Софија да ги поправат скршените односи?
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Патарини ќе може да се плаќа и преку мобилен телефон
-

Петмесечно бебе починато однесено на Детска клиника
-

Судскиот совет пред одлука меѓу судиите Димовска и Стефановски за претседател на Кривичниот суд
-

Само три лица издржуваат куќен затвор со електронска алка, ќе се менува Законот за пробација
-

Жестока расправа во Советот за кварталниот извештај за буџетот на Град Скопје
